Седумнаесет годишната Сара Волц победи на конкурсот на компанијата „Интел“ за иновација на младите таленти во Америка, бидејќи откри дека од природното масло кое го произведуваат алгите може да се добие биогориво за дизел моторите.
За разлика од другите тинејџери Волц во својата соба направи вистинска лабораторија.
Девојчето за своето откритие доби стипендија во износ од 100.000 долари.
-Ова е одлично, бидејќи не мора да зависиме од фосилните горива -изјави таа.
Волц во моментов работи на зголемување на производството на природните масла од алгите со помош на вештачка селекција.
Елена Георгиевска