ДУИ ја осудува одлуката на ДИК за Чаир

Од:

Демократската унија за интеграција (ДУИ) изрази жалење за одлуката на Државната изборна комисија за проверка и верификација на изборниот материјал за општина Чаир.

– ДУИ ја осудува политичката одлука на ДИК. Оваа одлука ги спои старите стратешки сојузи кои секогаш се случуваат кога Албанците се оштетени. Минатата ноќ, сите бевме сведоци на непринципиелна соработка заради политички интереси, изјави портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, додавајќи дека оваа одлука е обид да се оцрни Чаир и да неметне политичка тежина.

Според него, одлуката на ДИК не им помага ниту на ДПА ниту на ВМРО-ДПМНЕ, и тоа било непринципиелен „шопинг“ за да се релативизира победата ДУИ.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Шпанскиот премиер распиша предвремени парламентарни избори

А1он

Објавени првите резултати од изборите во БиХ и Република Српска: Кој води?

ДУИ: Шасивари го одложува решението – 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“