Работиме на тоа да постигнеме договор помеѓу Косово и Србија, изјави косовскиот премиер Хашим Тачи при посетата на Мултифункционалниот центар во Мировица.
-Договорот ќе донесе мир, стабилност и регионална соработка, но и меѓусебно признавање-изјави Тачи.
Според неговите зборови, Асоцијацијата на српските општини може да се формира по завршувањето на локалните избори, на кои што ќе се изберат градоначалници на општината, членки на Асоцијацијата, но таа нема да има извршна и законодавна надлежност.
Елена Георгиевска