Приврзаници на движењето „Самоопределување“ протестираа денеска во јужниот дел од Косовска Митровица искажувајќи противење за евентуален договор меѓу Белград и Приштина на 2. април во Брисел.
На митингот кој беше одржан под слоганот да се обединиме во Митровица, според проценки на косовската полиција имало околу 2.000 Албанци кои носеле знамиња на Албанија и на САД и извикувале пароли против косовската Влада и премиерот.
На протестот беше оценето дека разговорите меѓу Белград и Приштина се штетни за Косово и дека Владата на Косово е одговорна за тоа дека „Србија ја направила дел од одлука за еден дел од територијата на држават Косово“. Тие најавија нови протести доколку во Брисел на 2. април има договор меѓу двете страни.