Без опозициската ВМРО-ДПМНЕ, мнозинството со 73 гласа за, без ниту еден против и без дискусии го изгласа Законот за Совет на јавни обвинители.
Претходно, во тензична атмосфера, и со повторено гласање, беше изгласан Законот за јавно обвиителство.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, го поништи гласањето поради тоа што дел од пратениците се пожалија дека не им било евидентирано гласањето. Затоа тој побара од службите да му донесат документ за тоа како гласале пратениците.