Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ веќе гласале за „Армија на Република Северна Македонија“, ама го кочат законот од „патриотски причини“

Од:

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и натаму го спорат предлог-текстот на Законот за одбрана, поради промена името од „Армија на Република Македонија“ во „Армија на Република Северна Македонија“, а пред еден месец, гласале за предлог-текстот на Законот за служба во Армијата, каде првиот член предвидува промена на името на Армијата, согласно Уставот. Опозициските пратеници и денес го кочат донесувањето на Законот за одбрана, чија цел е усогласување на законодавството од областа на одбраната со обврските и правилата во НАТО, поради истата причина.

Собраниските стенограми, пак, покажуваат дека седум пратеници од ВМРО-ДПМНЕ гласале за усвојување на Законот за служба во Армијата, во чиј член 1 пишува: „Во Законот за служба во Армијата на Република Македонија, во насловот зборовите „Република Македонија“ се заменуваат со зборовите „Република Северна Македонија“.

Ова значи дека координаторот на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, заедно со неговите колеги од партијата, Владимир Ѓорчев, Иван Иванов, Дафина Стојаноска, Жаклина Пешевска, Павлинче Честојнова и Слаѓана Митовска, дале зелено светло за армијата да биде преименувана во „Армија на Република Северна Македонија“, согласно новото уставно име.

Законот за одбрана кој според Владата е важен за членството во НАТО, веќе еден месец стои закочен во Собранието. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Димитриев поднесе предлог со кој бара да се повлече членот за преименување на Армијата, а за тоа ја извести јавноста два дена откако неговите колеги пратеници гласаа за другиот закон во кој прифатија да стои „Армија на Република Северна Македонија“. Пратениците од опозицијата немаа други забелешки на овој закон.

Во текот на денот треба да бидат изгласани сите итни закони, меѓу кои Законот за ЈО, Законот за одбрана и за законот за Советот на јавни обвинители. Ако се оди по планот, Собранието треба да се распушти и да се распишат предвремени парламемнтарни избори.

Би можело да ве интересира

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Катерина Ѓуровски

Предлог одлуката за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година

Се гонат само поранешни функционери, големите остануваат над законот, порачаа родителите на Комисијата за „Пулс“

Дополнетиот Предлог-буџет на пленарна седница

Собранието осветлено во портокалово во поддршка на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“