(ВИДЕО) Колемишевски: Наша цел е минимална плата од 18.000 денари до крајот на новиот мандат

Од:

Ние во СДСМ не зборуваме на памет, туку изнесуваме факти и бројки кои потврдуваат дека сме на прав пат во зајакнувањето на економскиот потенцијал и подобрувањето на финансиските перформанси на државата и на граѓаните.

“Во скратениот мандат од две и пол години, ја зголемивме минималната плата од 9.000 на 14.500 денари и сме на прагот од ветените 16.000 денари кои ќе ги остваревме доколку имавме цел мандат.

Но затоа, по изборите на 12 април продолжуваме со истиот тренд и во новиот мандат ќе ги надминеме и тие 16.000 денари.

Нашата цел е минималната плата до крајот на 2024 година да изнесува минимум 18.000 денари”, изјави претседателот на комисија за економија на СДСМ Кирил Колемишевски.

“Со разумно и одговорно работење, оваа цел е реална и остварлива. Просечната плата порасна за 3.100 денари денари за само две години и изнесува 25.757 денари.

Ветените 30.000 денари просечна плата ќе ги реализираме наскоро, како резултат на сите мерки и политики кои ги преземаме во економијата.

Економските политики на СДСМ направија огромен раст на БДП за над пет проценти, или од минус 1.8 се искачивме на 3.6 проценти.

Отворивме 60.000 нови работни места што е рекорд за толку кратко време и ја намаливме невработеноста на 17.1 отсто што незапаметена бројка во историјата.

Со вакво темпо, очекуваните инвестиции по влезот на државата во НАТО, до 2024 година стапката на невработеност ќе ја намалиме под 10%”, истакна Колемишевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дали ОЈО се злоупотребува за изборната кампања исто како и хајката против Каевски набргу ќе стане јасно

Со плати под просечната, новинарите даруваа крв и го одбележаа Светскиот ден на медиумите – 3 мај

Орце Костов

СДСМ: Глас за нас е глас за поголеми плати и унапредени работнички права

СДСМ до Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

А1он

Ковачевски: Со враќање на ВМРО-ДПМНЕ дозволуваме сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии

А1он

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он