Чадиев го претстави тимот со кој ќе ја води општината

Од:

Кандидатот за градоначалник на Велес од коалицијата „За подобра Македонија“ Славчо Чадиев денеска на прес-конференција го претстави својот тим со кој ќе ја води општината во идните четири години.

На седница на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ  Велес било одлучено негов заменик да биде Горан Јовиќ.- Како докажан и признат професионалец, д-р Горан Јовиќ целиот свој капацитет и знаење во иднина ќе ги вложи во вршењето на советничката функција и функцијата заменик-градоначалник, рече Чадиев.

За иден претседател на Советот на Општина Велес го предлагаат Александар Колев за кого Чадиев рече дека на изборите ја предводеше листата на советници на коалицијата „За подбра Македонија“, која освои најголем број  гласови. –  Поддршката од околу 15.500 гласови, која ја добивме за советничката листа, е најмасовна што Велес ја дал за  која било советничка листа досега, додаде Чадиев.

За координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ е предложен стоматоогот Петре Саздов, за кого кандидатот за велешки градоначалник рече дека во изминатиот мандат бил меѓу најактивните советници, истовремено вршејќи ја и функцијата заменик-градоначалник.

Чадиев истакна дека во следние четири години овој тим заедно со советничкото мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја спроведува програмата за равој и напредок на Велес.

– Како иден градоначалник, ви ветувам дека сите заедно максимално посветено ќе работиме на носењето одлуки кои ќе значат реализација на проектите за кои ја добивме довербата од граѓаните, истакна Славчо Чадиев, кандидат за градоначалник на Велес.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

Орбан: Подгответе се, ова е само почеток

А1он

АфД e пред историска победа

Горан Наумовски

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори