(ВИДЕО) Каевски: Реновиран студентскиот дом Гоце Делчев

Од:

“Блоковите В и Г во студентскиот дом „Гоце Делчев“ се реновирани и пуштени во употреба, со што најголемиот студентски дом во државата е целосно обновен.

Блоковите се реновирани по современи стандарди и овозможуваат идеални услови за живеење на студентите.

Покрај реновираните соби, пренаменети се помошните заеднички простории во простории за рекреативни активности.

Во овие два блока се инвестирани 2,7 милиона евра – 2,3 милиона евра за реновирање и модернизација и околу 400.000 евра за мебел и санитарии”, изјави Дарко Каевски претседател на СДММ.

“Со реновирањето, студентскиот дом „Гоце Делчев“, кој има капацитет од 1.200 студенти станува и енергетски ефикасен.

Енергетски ефикасна ќе биде и зградата на домот „Кузман Јосифовски-Питу“.

Во крајна фаза е проектот за студентскиот комплекс „Стив Наумов“, каде што целосно ќе се реновираат зградата 1 и зградата 2.

Минатата година е потпишан договор за реновирање на седум студентски домови и тоа во Битола, Охрид, Штип Прилеп и во Скопје. Проектот вреден 25 милиони евра, почнува оваа година, а ќе се финализира 2024.

СДСМ инвестира во подобрување на студентскиот стандард и креира и реализира квалитетни младински мерки што го подобруваат животниот стандард на младите”, истакна Каевски.

Би можело да ве интересира

Јаневска тврди дека нема намалување на стипендиите за студентите, вели опозицијата шири паника

Јаневска: Очекувам од 1 октомври студентите да влезат во реконструираните домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“

ВИДЕО: Глувци шетаат во студентскиот дом „Пелагонија“

Катерина Ѓуровски

За 15 проценти помалку ученици и студенти сместени во домовите и интернатите

Електронско пријавување за сместување во студентските домови од денеска до 31 јули

Универзитетското собрание на УКИМ бара решавање на проблемите во студентските домови во текот на летото