ПСЖ: На Нејмар снимањето реклами му е поважно од рехабилитацијата

Од:

Раководството на “ПСЖ” изрази ново незадоволство од однесување на Бразилецот Нејмар.

Напаѓачот на „светците“ овојпат отпатува во Дизелдорф да учествува во снимање на рекламен спот за еден бренд на гардероба.

Нејмар извесен период е повреден, а челниците на “ПСЖ” се надеваа дека ќе се потруди да се рехабилитира до првиот меч со “Борусија Дортмунд” во осминафиналето во “Лигата на шампиони” што ќе се одигра во вторник (18 февруари).

Но, наместо тоа, забелешките се дека троши енергија на работи што не се поврзани со фудбалот.

Од клубот, сепак, нагласија дека нема да применат санкции кон бразилската ѕвезда кој оваа сезона одигра 14 меча во француската “Лига 1”, при што постигна 13 гола.

Би можело да ве интересира

Нејмар за еден допир со топката заработува 306.000 евра

А1он

(ВИДЕО) Нејмар во солзи: „Се враќам!“

А1он

ПСЖ не планира да троши пари за нови засилувања

Нејмар нападнат од навивачите поради неговиот изглед, по повеќемесечна пауза се врати на терените

Обид да му го киднапираат новороденчето на Нејмар, вооружени напаѓачи ги врзале родителите на неговата поранешна девојка

Пристигна пред само два месеци и не сака повеќе да игра за ПСЖ