ВМРО-ДПМНЕ: Трајановски е еден од најуспешните градоначалници според многу параметри

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во реакција на обвинувањата од кандидатот за градоначалник на Скопје Јани Макрадули  кон  противкандодатот од коалицијата „За подобра Македонија“  наведува дека Коце Трајановски воопшто не ги користел ресурсите на Градот во кампањата, ниту пак користел службени возила и полициско обезбедување.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Трајановски според многу параметри е еден од најуспешните градоначалници на Скопје, а потврда за неговиот углед и поддршка од граѓаните биле 136.000-те гласови.

– Оттука нема потреба од никакво обезбедување. Јани Макрадули во својата целокупна кариера нема придонесено за Скопје толку, колку што Коце Трајановски има придонесено во еден месец од својот мандат. Добро е што Макрадули се одважи и прошета по Старата Скопска чаршија и така виде дека во изминатиот мандат на Коце Трајановски се врати животот на чаршијата, се постави ново осветлување, се отвори музеј на Старата Скопска Чаршија и се отвори Туристичко биро, се вели во реакцијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ислам Абази стана џелат на правдата и ги спасува криминалците од СДС и ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче најгласно се залага за спроведувањето на бугарските барања

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не нуди решенија, туку борба за власт

Шест месеци до изборите во САД: „Претседателот е доста непопуларен“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт