(ФОТО) Макрадули: Нов Бит–Пазар направен по теркот на сите модерни пазари во светот

Од:

Кандидатот за градоначалник од „Сојузот за иднината“ Јани Макрадули денеска го обвини неговиот противкандидат Коце Трајановски дека во тек на изборна кампања користи ресурси на Град Скопје и ги користи привилегиите од градоначалничкиот мандат.

jani-bitpazar-30-03

„За разлика од градоначалникот Коце Трајановски кој вчера во ресторанот „Амигоси“ во општината Бутел се шеташе со полициска придружба и со државни автомобили кои припаѓаат на МВР, јас денеска поминав прекрасен ден и низ тезгите на Бит – Пазар и во чајџилниците во Старата скопска чаршија каде што имав можност да се сретнам со граѓани кои го изразуваат револтот од тоа што Чаир и оваа страна се заборавени од градоначалникот Трајановски.

– Срамно е градоначалник на еден град да се чува со полиција од сопствените граѓани, од граѓаните кои треба да го изберат“, рече Јани Макрадули.

jani-bitpazar-30

По прошетката низ Старата скопска чаршија упати критики до Трајановски за неговиот ангажман за развој на тој дел од градот и најави проект за изградба на нов Бит – Пазар, што ќе бил затворен и по теркот на сите модерни пазари во светот.

„Не постои човек кој што денеска не се пожали на ситуацијата и не даде поддршка на проектот што го имам во мојата програма, а тоа е: нов Бит – Пазар, затворен, направен по теркот на сите модерни пазари во светот. 

jani-bitpazar-30-03-2

– Покрај тоа ќе го искористам моето знаење и знаењето на мојот тим да преку петтата компонента од ИПАРД ги брендираме скопските земјоделски производи, онака баш исто како што пишува на тезгите „Скопски јабучар“, „Скопски арпаџик“, „Скопска пиперка“. Тоа ќе биде една новина со која што ќе овозможиме подобар пласман на земјоделските производи од Скопје.

jani-bitpazar-30-03-3

– На крајот дозволете истото да го ветам и на албански јазик:

– Te dashur bashkeqytetar ju jap fjalen se do te ndertojme nje Bit pazarin t ri“, изјави Макрадули.

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме