Расправата за законот за ЈО заврши, Собранието ќе продолжи со 136-та седница

Од:

“Заврши расправата по Предлог-законот за јавно обвинителство, а гласањето ќе се спроведе кога координаторите на пратеничките групи ќе го обезбедат потребното мнозинство”, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Џафери даде пауза до 22:00 часот кога, како што најави, ќе почне 136-та седница на чиј дневен ред се четири точки: разрешувањето на министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, Предлог-законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени, Предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик по скратена постапка, како и Предлог-законот за дополнување на Законот за лична карта во прво читање.

На 135-та седница освен Предлог-законот за ЈО е и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавни обвинители.

Џафери попладнево рече дека Собранието ќе работи без прекин, додека не се распушти.

Би можело да ве интересира

Жерновски-Буриќ: Советот на Европа го поздравува донесувњето на Законот за ЈО

Ана Ололовска

Законот за ЈО за едни чекор напред кон правна држава, за други амнестија за криминалот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Спасовски – Фон Дер Лајен: Честитки за донесувањето на Законот за ЈО

А1он

Џафери: Законот за јавно обвинителство е донесен во соодветна процедура

Ана Ололовска

Брисел ги поздрави одлуките на македонскиот Парламент, сега на ред е ЕУ

Драган Поповски

Рот: Добра вест од нашите пријатели во Северна Македонија

Драган Поповски