Џафери им соопшти на пратениците дека Собранието ќе работи 24/7 до распуштањето

Од:

Претседателот на Собранието, Талат Џафери даде пауза од еден час, по што собраниската дискусија по предлот-законот за ЈО ќе продолжи.

Тој посочи дека од продлжението, законодавниот дом ќе биде во постојано заседание се до распуштањето во недела, што практично би значело дека пратениците ќе работат 24/7.

“Ве информирам дека ќе продожиме со работа и по 18 часот, што значи дека од овој момент, по продолжението во 18 часот, ќе бидеме во постојано заседание до распуштање на Собранието”, рече Џафери, на што некои од пратениците се смееја.

Претседателот Џафери повика сите пратеници да бидат во салата на продолжението од седницата, откако претходно, половина од нив не беа внатре.

“Пауза до 19 часот, а потоа, ги замолувам координаторите, “фејсбук мајсторите” да бидат овде, а не да шетаат.

Да бидат овде, а режијата да си ја прикаже салата, а не да држат предавања по “Фејсбук”.

Овде да дојдат на постојано заседание од 19 часот”, додаде Џафери.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата

Собранието изгласа Резолуција за осуда на опозициските манипулации и нелегалната миграција

Горан Наумовски

Собранието ги донесе измените на Законот за буџетите

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Катерина Ѓуровски

Предлог одлуката за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година