„Рено“ со загуба, прва во повеќе од една деценија

Од:

Компанијата Рено денеска соопшти дека во 2019 година ја бележи својата прва загуба за повеќе од една деценија.

Францускиот производител на автомобили, кој е во сојуз со јапонскиот Нисан, пријави загуба од 141 милиони евра како свој удел во финансискиот резултат на групата, делумно поради расходите поврзани со некои негови кинески мешовити фирми, но и скандалот околу Карлос Госно.

Нисан, во кој Рено има 43 проценти удел, исто така, придонесе за целокупниот негативен резултат, откако неделава извести за својата прва квартална загуба во речиси десет години и ја намали прогнозата за оперативната добивка.

Вкупната продажба на возила од групата на Рено минатата година падна за 3,3 отсто на 55,53 милијарди евра.

Компанијата ја намали целната оперативна маржа за 2020 година на ниво меѓу 3,0 и 4,0 отсто во однос на минатогодишните 4,8 отсто, и го намали предложениот износ на дивиденда за 2019 година за речиси 70 отсто од претходната година.

Акциите на Рено утрово на Париската берза паднаа за 4,3 отсто.

Рено за годинава предвидува пад на глобалниот пазар на автомобили и намалување на неговата продажба во Европа и Русија за околу 3,0 отсто.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Мартин и Стефан – бренд амбасадори на RENAULT

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on