СДСМ Ѓорче Петров: Сликите кои ги објави „Курир“ се направени минатата година

Од:

„Најостро ги демантираме лагите на „Курир“ дека кандидатот за градоначалник од „Сојузот за иднината“ за Ѓорче Петров, Александар Наумоски делел брашно и поткупувал гласачи во предизборната кампања. Во Ѓорче Петров тоа е одлика на Сокол Митровски и ДПМНЕ кои и денеска грубо го кршат изборниот законик и асфалтираат улици и поставуваат водоводна мрежа.

– Сликите кои ги објави интернет порталот „Курир“ се направени во месец декември, минатата година што покажува дека „Курир“ дојде дотаму што ги злоупотребува и хуманитарните акции. Едната фотографија е од новогодишната хуманитарна акција, кога се уште не се знаеше дали Наумоски ќе биде кандидат за градоначалник, а втората е од посетата на едно од хендикепираните лица во Ѓорче Петров, изведена на денот на хендикeпираните.

– Патем, сликите кои порталот „Курир“ ги користи се лична сопственост на Александар Наумоски и се наоѓаат на неговиот фејсбук профил. Со објавувањето на тие фотографии е прекршен законот за заштита на лични податоци, како и уште неколку закони кои ги опфаќаат авторските права. Во прилог ви испраќаме и „принт скрин“ од неговиот фејсбук профил, а патем и вие може да се информирате за сите негови претходни активности на неговата фејсбук страна“, се вели во писмената реакција на СДСМ на објавата на порталот „Курир“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Се најавува кредит од дури 6 милијарди евра, Владата ги турка граѓаните во должничко ропство

А1он

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски