СДСМ: Мизрахи крши Устав, работи на штета на граѓаните и не е никаква жртва, одговорност мора да има

Од:

„Техничката министерка Рашела Мизрахи крши Устав и работи на штета на граѓаните. Значи за неа не постои Устав, не постојат граѓаните, не постои интересот на државата.

Мизрахи не го користи мандатот за спроведување на изборниот процес, ниту за да им помогне на граѓаните. Таа, мандатот во техничката влада го користи само за исполнување на нарачките на извршителот на Груевски, Христијан Мицкоски.

Со непочитување на Договорот од Преспа извршителот Мицкоски преку Мизрахи ги загрозува евроинтеграциите, членството во НАТО и ЕУ“, велат од СДСМ.

„За кршење на Уставот следува одговороност, Мизрахи не е никаква жртва.

Техничката министерка за труд и социјална политика од ВМРО- ДПМНЕ, Рашела Мизрахи го одби предлогот да се зголеми опфатот на стечајни работници кои ќе добиваат месечен надомест до пензионирање.

Таа функцијата ја злоупотребува само за партиски цели, за извршување на нарачките на Христијан Мицкоски и Никола Груевски.

Освен функцијата, Мизрахи злоупотреби дури и службено возило во партиски цели.

Оттука, очекуваме Собранието уште на првата наредна седница да ја разреши Мизрахи од функцијата техничка министерка за труд и социјална политика“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Клековски денес призна и за жолтица во Гостивар– време е кривично да одговара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Сè уште нема документ за водата во Гостивар а нови градови се со отровна вода

(ВИДЕО) Штерјова: Мицкоски пак го копира Вучиќ – сè е copy-paste, само со неколку дена задоцнување

СДСМ: По сите пропусти во Гостивар, Мицкоски сега бара алиби во експертите

Горан Наумовски

СДСМ: По Гостивар, Крушево, Маврово и белата пена во Вардар, сега и Булачани – Мицкоски, Тошковски и ВМРО-ОКГ ја отруја цела Македонија

СДСМ: Кога Мицкоски ќе најави мерки за намалување на цените, веднаш следува поскапување