Пеле негираше дека е во депресија, се чувствувал добро

Од:

Поранешниот напаѓач на Бразил, Пеле ги отфрли шпекулациите дека е депресивен и ги увери своите фанови дека добро напредува и има зафатен распоред.

Синот на Пеле, Едињо сподели пред „Глобо“ дека трикратниот освојувач на Светскиот куп е депресивен и не сака да ја напушти својата куќа затоа што не може да се движи добро по операцијата за замена на колкот.

– Јас сум во ред. Продолжувам да ги прифаќам моите физички ограничувања на најдобар можен начин. Имам добри и лоши денови. Ова е нормално за луѓето на моја возраст. Не се плашам, решителен сум, сигурен сум во она што го правам. Ги извршвам обврските на мојот секогаш зафатен распоред, рече Пеле, кој ќе наполни 80 години во октомври.

Би можело да ве интересира

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

(ВИДЕО) Миовски погоди за нов триумф без примен гол и историски резултат на Македонија во Лигата на нации

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ВИДЕО: Тренер во Италија полуде поради потег на фудбалер, го нападна на теренот

Предраг Петровиќ

Новинар поднесе оставка поради Винисиус, сосема го заборавил кога гласал за Златната топка

Предраг Петровиќ

Мбапе повеќе не сака да игра за Франција додека Дешамп е селектор

Предраг Петровиќ