Французин доби синоќа околу 133 милиони евра на популарната лотарија „Евромилиони“, соопшти компанијата „Франсез де жу“, која одговара за одржувањето на лотаријата во Франција.
Вкупната добивка на сопственикот на среќниот тикет е 132.486.744 евра.
Добиената сума е петтиот најголем џекпот во историјата на „Евромилиони“, во која учествуваат десет лотарии во Шпанија, Велика Британија, Франција, Луксембург, Белгија, Швајцарија (две лотарии), Португалија, Ирска и Австрија.
Засега не е соопштено името на среќниот добитник. Тој има 60 дена да се јави во седиштето на „Франсез де жу“ и да помине низ повеќе детални проверки. Кога ќе завршат сите процедури, кога нема да останат никакви сомненија во вистинитоста на тикетот, на на церемонија во Париз ќе му биде врачен чекот.