Полицијата на Бахреин употреби синоќа солзавец за да растера стотици демонстранти на улиците на Манама, кои бараа соборување на сунитскиот режим, а над стотици лица се уапсени, изјавија очевидци.
Демонстрациите уследија ден откако водечката шиитска опозициска група во Бахреин Ал Вефак предупреди дека ќе има нови протести ширум земјата доколку националниот дијалог со режимот на доведе до суштински реформи, односно до уставна монархија.
Демонстрантите извикувале пароли „Народот сака пад на режимот“ и „Долу кралот Хамад“.
Ал Вефак почна национален дијалог со Владата минатиот месец со цел да се реши политичката криза во кралството во кое доминираат шиити, но преговорите прекинаа поради несогласувањата на двете страни.