Српскиот готвач Дејан Маркус кој последен пат е виден на 7 ми февруари минатата недела, пронајден е жив.
Радосната вест за јавноста ја соопшти неговата сестра Јелена Маркус на својот фејсбук профил.
„Со оваа објава би сакала на сите да им се заблагодарам за помошта, брзата пожртвуваност и за сите информации кои ми ги дадовте.. Имам најубава вест која ја чекавме, Дејан е жив, но додека не се уверам и не го видам не можам ништо повеќе да ви кажам“, напиша на фејсбук профилот неговата сестра.