Саботното „Кино будење“ завршува со трилерот „Во зенитот на сонцето“

Од:

Во Кинотеката денеска напладне ќе биде прикажан францускиот трилер од 1960 година „Во зенитот на сонцето“ во режија на Рене Клемент,  со Ален Делон во главната и негова прва голема филмска улога.

Се базира на книгата „Талентираниот мистер Рипли“ на американската писателка Патриша Хајсмит и е добитник на наградата „Едгар Алан По“ за најдобар странски филм. Гостин пред проекцијата ќе биде актерот Никола Ристановски.

Со овој филм ќе заврши програмата „Кино будење“ што се одржуваше секоја сабота во март. Ревијата почна во првата сабота месецов со  британскиот трилер-романса „Играчка плачка“ од 1992, во режија на Нил Џордан.

Во изминатите три саботи беа прикажани и: „Изгорени од сонцето“ на рускиот оскаровец Никита Михалков, снимен во 1994, британскиот „Тајни и лаги“ на Мајк Ли од 1995, и „Секс, лаги и видеоленти“ на  Стивен Содеберг од 1989 година.

Специјалната програма „Кино будење“ е по избор на Бистра Георгиева и Константин Лошков и се состои од проекција на наградувани филмови, нивна препорака и отворање од познати домашни личности.

Би можело да ве интересира

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ