ИК на ВМРО ДПМНЕ: Власта со последните скандали ја втурнува државата во уште поголема криза и ја оддалечува од европската иднина

Од:

„Извршниот Комитет на ВМРО ДПМНЕ на својата последна седница расправаше за актуелната општествено политичка состојба и подготовката на партијата околу предвремените парламентарни избори.

ИК на ВМРО ДПМНЕ смета дека власта, државата со последните скандали ја втурнува во уште поголема криза и ја оддалечува од европската иднина.

ИК на ВМРО ДПМНЕ смета дека со вчерашните настани во собранието и материјалот доставен од свиркач практично се докажува дека мозокот на операцијата Рекет е токму Зоран Заев. Јасно е дека Зоран Заев бил финансиер на телевизијата на главноосомничениот за Рекет Јовановски и дека Заев точно знаел и бил упатен и за најситните детали од рекетот“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Вистинскиот мотив е стравот на Зоран Заев од одговорност после поразот на 12 април и затоа на сила турка противуставен закон за јавно обвинителство со кој се овозможува амнестија на криминалите.

ИК на ВМРО ДПМНЕ смета дека државата не смее да биде заложник на личните интереси на поединци на Власта како и стравот од одговорност на оние кои се огрешиле пред законот.

12 април е денот кога мора да се одржат предвремените парламентарни избори за крај на кризата и за крај на политичката кариера на Заев.

Интерес на граѓаните е правна држава, почитување на законите, уставот и спречување на оваа политичка агресија на власта, преку носење на закони како тој за марихуана кои имаат единствена цел, богатење на семејството Заеви. Избори на 12 Април, а потоа одговорност за криминалот, корупцијата, срамот и понижувањата. ВМРО-ДПМНЕ ќе го следи развојот на ситуацијата и ќе реагира во одбрана на демократијата, интересите на граѓаните и државата, беше заклучено на седницата на ИК“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски