Триесет и три годишниот кулинарски експерт и водител, Дејан Маркус, познат по емисијата „Готвење со срце“, се води како исчезнат од минатата недела.
Последниот пат пријателите контактирале со него минатиот петок.
Неговата сестра Јелена која живее во Србија се обидела неколку пати да го контактира, но тоа било неуспешно.
Исчезнувањето на Маркус е пријавено во полиција и се води истрага.
Хрватската полиција пренесе дека освен личните документи на водителот, другите работи се наоѓаат во станот во Загреб каде тој престојува.
Маркус по големиот успех во Србија со снимени преку 1,900 епизоди од неговата кулинарска серија решил да замине од Белград и да се пресели во хрватската престолнина.
Според исказите на неговата сестра, работата во поседниот период не му одела од рака.