Нецензурирано со нов текст: Словенија „отскочна даска“ за финансирање на медиумите блиски до Груевски

Од:

Словенечкиот портал Нецезурирано објави нов текст во кој се пишува, за како што тврдат авторите Примож Цирман, Весна Вукович и Томаж Модич, начинот на кој со унгарски пари, преку Словенија им се помагало на медиуми во Северна Македонија кои биле блиски до поранешниот премиер Никола Груевски.

Авторите на текстот се повикуваат на информации кои ги добиле од Северна Македонија.

Според Нецезурирано, унгарскиот претприемач Питер Шац, сопственик на партискиот весник на СДС (Словенечка демократска партија) на Јанез Јанша и член на управниот одбор на Нова24ТВ, станал сопственик на Алфа Телевизија. Порталот пишува дека уделот го купил од бизнисменот Сеад Кочан, кој подоцна бил осуден на затворска казна поради фалсификување на тендерски документи.

Нецензурирано пишува дека во 2018 година, обвинителство во Скопје, почнало истрага за наводно спорно купување на медиуми и нивно финансирање.

Според порталот парите кои биле наменети за финансирање на овие медиуми во земјава пристигнувале од Словенија, која била таканаречена „отскочна даска“. Целта на финансирањето биле едноставна – контрола врз медиумите, пишуваат авторите на текстот.

-Унгарскиот политички врв купувал влијание преку Словенија, преземајќи медиуми во Северна Македонија. На тој начин Виктор Орбан станал моќен играч, пишува Нецензурирано.

Словенечките новинари во текстот го споменуваат и Ларис Гајсер, кој во земјава е познато како човек кои ги објави снимките за случајот „Рекет”.

„Нецезурирано“ пишува дека тоа било „возвраќање на ударот” на медиумската мрежа поставена од времето на Никола Груевски и дека тоа повторно се направило со словенечка помош. Текстовите Гајсер ги објавуваше преку Ла Верита, кој е нео-конзервативен италијански весник, близок на италијанската крајна десница на Матео Салвини, пишува порталот.

Инаку, вчера словенечките медиуми објавија дека е започната истрага за начинот на кој се финансирале одредени медиуми, кои сме сметаат за блиски до Јанез Јанша.

Би можело да ве интересира

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Џафери: Добив материјал со измените на Кривичниот законик, но не од Груевски

A1on