Групата „Да ја обновиме Европа“ во Европски парламент побара да се именува специјален пратеник на Европска Унија за Западен Балкан.
Пратеникот би бил под надлежност на високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика и под комесарот за проширување и соседска политика.
Според групата „Да ја обновиме Европа“ специјалниот пратеник „би се фокусирал на решавање на долготрајните проблеми во регионот“ се наведува во документот „Нов пристап на перспективата за членство во ЕУ за земјите од Западен Балкан“.
Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел за време на посетата на регионот кон крајот на минатиот месец разговараше за можноста да се именува пратеник на ЕУ за Западен Балкан.