Грција му замерила на Чулев оти во биографијата пишал Република Македонија

Од:

Република Македонија во графата државјанство во биографијата на техничкиот министер Наќе Чулев била причината поради која тој е споменат во вербалната нота од Грција. Министерот за надворешни работи во неделата извести дека добиле вербална нота од Грција за непочитување на Договорот од Преспа од страна на министрите за внатрешни работи и труд и социјала. За министерката за труд и социјала Димитров сугерираше разрешување ако не го поправи однесувањето, односно доколку не постави табла со уставното име на државата во Министерството, но не соопшти детали за причините поради кои во вербалната нота е споменат министерот Чулев.

Министерот Чулев вели дека веќе имал средби по вербалната нота.

„Се сретнав со амбасадорот. Имаат забелешки на тоа што во мојата биографија сум пишал Република Македонија. Исто така, замериле што вчера во Охрид во канцеларијата каде што сме се појавиле имало стар амблем од Министерството, а истиот го има на многу места“, рече министерот Чулев.

На прашањето дали ќе преземе мерки по забелешката и ќе направи измени во биографијата, Чулев вели „Мојата биографија е мој приватен документ, не од државна институција“.

Биографијата на Чулев е објавена на официјалната веб-страница на Министерството за вантрешни работи.

И министерката за труд и социјала Рашела Мизрахи рече дека нема да ја менува таблата и покрај предупредувањата дека на неа недостасува уставното име на државата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Чулев: Граѓаните чекаат за документи во нехумани услови, Спасовски на товар на граѓаните прави екскурзии низ САД

А1он

Чулев: Во моментот на инцидентот во М-НАВ имало 40 прелети, авион оставен да кружи

Чулев: Употребата на полицискиот хеликоптер за политички цели е класична злоупотреба, ДКСК да го истражи случајот

Дисциплинска за началникот од МВР кој напиша „Да живее Палестина“ на Фејсбук

Катерина Ѓуровски

Чулев: Не се пречка уставните измени за евроинтеграциите, туку високата корупција

Чулев: МВР на Спасовски извршило неправилен избор, „Индустри сервис“ има неправилно пополнета спецификација