На текст на Ниче Димовски – Македон и цртеж на Зоран Танев издаден е стрип албум за Александар Македонски.
Изданието на 50 страни во колор го обработува животот на Александар од неговото раѓање до битката на Хиронеја кога имал само 16 години.
– Во ова стрип-издание автентично е прикажана содржината на едно време за детството и животот на Александар Македонски. Сите ликови, места (топоними, ороними, хидроними) се вистински, според постоечките записи, а најсликовито се прикажани клучните настани во една поврзана целина. Ова четиво по својата содржина е повеќе наменско, затоа што извонредно насликаните ликови и настани. Стрипот и овојпат ги докажува своите можности можност за визуелизација на истите, а дијалозите на ликовите ја даваат јачината на насликаното. Оттука, овој стрип-албум е прекрасно четиво за сите возрасти, порачуваат издавачите.
Тие најавуваат дека за животот на Александар Македонски се планира да се направат уште две стрип изданија.