Мајка и ќерка од Турција обвинети за употреба на фалсификувани израелски пасоши

Од:

По спроведена претходна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен предлог против мајка и ќерка од Турција, на возраст од 45 и 19 години, за употреба на фалсификувани израелски пасоши.

-Обвинението е поднесено против мајка и ќерка, државјанки на Република Турција, кои на 22 јануари, на граничниот премин Долно Блаце, при влез на државната граница од Косово, употребиле лажни јавни исправи, прикажувајќи ги како вистински. Притоа, мајката е обвинета дека употребила лажни израелски пасоши и лични карти за себе и за двата малолетни сина кои патувале со нив, додека полнолетната ќерка е обвинета дека исто така за себе прикажала лажен израелски пасош и лична карта. Употребените лажни документи се разликуваат од оригиналните израелски документи по квалитетот на хартијата, застапените техники на печатење на образецот, заштитните знаци, сјајот и интензитетот на застапените бои, соопшти Јавното обвинителство.

Би можело да ве интересира

Дисциплинската комисија утврди крупни грешки кај шефот на Вишото јавно обвинителство Скопје, се бара негово разрешување

Апелација ги уважи жалбите на Обвинителство и им определи ефективен 30 дневен притвор на двајцата поранешни директори на Онкологија

Државата конфискуваше 11.600 евра од осудениот раководител за урбанизам во Маврово и Ростуше

Обвинителството нареди, а полицијата го уапси бизнисменот Ристо Крмзов

Двајца браќа и нивен пријател се осомничени за убиство во Скопје

Обвинителството отвори предмет за деловодна книга со архивски броеви за легализација на објекти во Општина Чаир