Олумчева: На децата им треба место каде да играат и да се дружат

Од:

Кандидатот за градоначалник на ВМРО – ДПМНЕ и на коалицијата „За Подобра Македонија“ за општина Богданци, Анастасија Олумчева денеска оствари средби со жителите на општина Богданци.

Целта на овие посети беше да се детализираат проблемите кои соодвестуваат со ингеренциите на општината и за нив во иднина да се делува со соодветни решенија. Олумчева посочи дека најитно треба да се решат проблемите поврзани со локалната инфраструктура.

Жителите на општина Богданци ја изразија потребата од асфалтирани улици и соодветно улично осветлување со цел побрз и поадекватен пристап до нивната работа и нивните домови.

На децата им треба место каде да играат и да се дружат, а на родителите им треба времето и комодитетот кој асфалтираните улици можат да им го дозволат, изјави Олумчева.

Исто така е констатирано дека е неопходна поефикасна комуникација на граѓаните и идниот градоначалник.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“