За Дурмиш Белули, газдата на превозникот „Дурмо турс“, и другите вработени во оваа компанија обвинети во судскиот предмет „Ласкарци”, денеска е закажано ново рочиште во Кривичниот суд во Скопје. Ова рочиште ќе се одржи ден пред годишнината (13 февруари) од трагедијата што лани се случи по наплатната рампа „Глумово”.
Во досегашниот судски процес беа презентирани низа вербални и материјални докази. На последното рочиште од страна на вешти лица беа презентирани вештачења за здравствената и психичката состојба на Маноил Труфуновски, возачот на „Дурмо турс“.
На 13 февруари ќе се наврши една година од сообраќајна несреќа после наплатната рампа „Глумово’’, каде автобус на компанијата Дурмо Турс, изгуби контрола и падна во бездна. Во сообраќајката животот го изгубија 16 лица, повеќето граѓани од Гостивар, а над 30 се здобија со тешки повреди.