Верхофстад: Време е Орбан да престане да ги финансира анти-ЕУ и анти-НАТО силите во Северна Македонија и Словенија

Од:

Пратеникот во Европскиот парламент и поранешен лидер на “Алијансата на либералите и демократите за Европа” (АЛДЕ) Ги Верхофстад на “Твитер” напиша дека унгарскиот премиер Виктор Орбан треба да престане да ги финансира силите кои се против Европската унија и НАТО во Северна Македонија и Словенија.

„Виктор Орбан финансира анти-ЕУ и анти-НАТО сили во Словенија и Северна Македонија. Крајно време е ова да престане” напиша Верхофстад.

Овој став на европратеникот доаѓа по текстот на порталот “Нецензурирано”, дека медиуми во Словенија и Северна Македонија се финансираат од пари на компании кои се блиски до партијата “Фидез” на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Денеска и словенечката полиција потврди дека Националното биро за истраги води предистражна постапка за начинот на кој се финансираат одредени медиуми во земјата.

Би можело да ве интересира

ЕУ внимателно ги следи изборите во Србија – тие мора да бидат во согласност со меѓународните стандарди

А1он

Џентилони: Европа мора да престане да молчи пред потезите на Трамп

ЕУ бара Маск да ги врати неограничените услуги на „Старлинк“ за Украина

Дмитриев: Европа е во длабока енергетска криза

ЕУ: За жалење е одлуката на САД за укинување на санкциите за рускиот дизел

ЕУ најавува трет повик за стратешки рударски проекти до крајот на 2026 година

А1он