Случајно или намерно, претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов помина покрај штабот на кандидатот за градоначалник за Центар Владимир Тодоровиќ.
Се ракуваше со него, што му порача не слушнавме, но се ракуваше и со присутните граѓани.
Инаку буквално целиот центар ечи од силната музика од штабот на Тодоровиќ, но тоа се случува од вчера. Првите три дена по изборите беше немо и празно во штабот.