А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Поднесено обвинение за злоупотреба на службена положба во Агенцијата за филм

by А1он11/02/2020 - 10:2325/02/2020 - 13:05507
Share0

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт за кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување против директорот на Агенцијата за филм, кој во периодот од 21.01.2016 до 14.06.2017 година, со искористување на својата службена положба и со пречекорување на границите на службеното овластување, за правното лице Јадран Филм ДООЕЛ Скопје прибавила значителна имотна корист од 68.000.000 денари.

Добивај вести на вибер

– Имено, спротивно на член 18 од Законот за филмска дејност, таа незаконито раководела со постапката за избор, исплата на одобрени парични средства и надзор над производството на филмски проект – играна серија од 4 сезони со наслов „Македонија“, соопштија од Јавното
обвинителство.

По објавен конкурс за финансирање проекти од национален интерес, на 21.01.2016 година, се појаснува во соопштението, обвинетата дала предлог за избор на проектот „Македонија“, а ваквиот предлог бил прифатен од Управниот одбор на Агенцијата за филм. На 10.02.2016 година таа склучила договор со правното лице Јадран Филм ДООЕЛ Скопје за финансирање на проектот во износ од 283.000.000 денари без да обезбеди банкарска гаранција во висина од 25 проценти од износот на одобрени средства.

– Притоа, не биле приложени ниту потврда за обезбедени сопствени парични средства на Јадран Филм ДООЕЛ Скопје во износ од 17.988.750 денари, детален буџетски приказ со спецификација на планирани средства за реализација на секоја ставка по цена, количина и број, разработен план за снимање на серијата со наведено времетраење и локација, а не постоел ниту доказ за успешност, односно претходно продуцирани филмови од наведеното правно лице. Договорот бил склучен само врз основа на приложен концепт за серија наместо изготвено сценарио, стои во соопштението.

На 26.10.2016 година обвинетата склучила анекс-договор со кој го намалила бројот на епизоди во првата сезона од 25 на 14. На 27.10.2016 година, без претходно одобрение од Управниот одбор, се подвлекува во соопштението, склучила втор анекс-договор со кој дозволила однапред да се изврши исплатата на одобрени средства за првите две фази од првата сезона на проектот во износ од 68.000.000 денари, иако била обврзана исплатата да ја врши за секоја фаза одделно врз основа на претходно доставен и одобрен извештај за наменски потрошени средства со доказ за извршени исплати.

– На 23.11.2016 година обвинетата наложила исплата на износот, иако знаела дека Јадран Филм ДООЕЛ Скопје не постапил по Договорот, односно воопшто не ја спровел првата фаза од проектот – развој и подготовка, не создал услови за отпочнување на снимањето, не ангажирал директор на фотографија, актери, монтажер, костимограф, сценограф, опрема за снимање и камермани. На 14.06.2017 година, при постоење на истите околности, по претходна одлука на Управниот одбор, обвинетата склучила трет анекс-договор со кој го продолжила времетраењето за производството на првата сезона и со тоа и нанела значителна имотна штета на Агенцијата за филм, соопштија од Јавно обвинителство.

Истражната постапка во овој предмет најпрво ја водеше Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, но во текот на постапката се утврдило дека станува збор за кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување, па предметот бил доставен на надлежно постапување во Основното јавно обвинителство Скопје. По приемот на предметот, надлежниот јавен обвинител презел и дополнителни истражни дејствија, а по нејзино барање бил извршен и дополнителен распит на осомничената, по што до Основниот кривичен суд Скопје беше поднесен Обвинителен акт.

За обвинетата во сила се претходно определени мерки на претпазливост.

serija makedonija

Би можело да ве интересира

Првообвинетата во милионскиот скандал за фантомската серија „Македонија“ добила нови 180.000 денари од државата

Ана Василевска25/02/2020 - 12:5225/02/2020 - 13:05

(ВИДЕО) Скандал „Македонија“: Кривична за Мими Ѓоргоска-Илиевска ја оштетила државата за 68 милиони денари

Наум Локоски06/12/2017 - 17:4025/02/2020 - 13:04

ОЈО ќе постапува по кривична пријава во врска со серијата „Македонија“

Ана Ололовска06/12/2017 - 13:2325/02/2020 - 13:03

Ќе се спроведе истрага за серијата „Македонија“, продуцентите ќе треба да ги вратат парите

Ана Ололовска01/11/2017 - 12:0025/02/2020 - 13:03

Владата ќе истражува како се трошеле парите предвидени за серијата „Македонија“

Наум Локоски31/10/2017 - 22:1425/02/2020 - 13:04
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен