Првиот словенечки сателит во Вселената ќе биде лансиран на 23 март

Од:

Првиот словенечки сателит наречен „Трисат“ на 23 март ќе биде лансиран од космодромот во француска Гвајана. Тој ќе биде само еден од повеќе сателити кој во вселената ќе бидат лансирани со ракета “Вега”.

Сателитот беше развиван неколку години, а во неговата изработка учествуваа студенти до Мариборскиот универзитет и стручњаци од приватната словенечка компанија “Скајлабс”, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Лансирањето неколку пати беше одложувано поради технички проблеми, а последните проверки кои се направени во специјални центри во Чешка, покажуваат дека “Трисат” е подготвен за својата мисија.

Сателитот тежи пет килограми и ќе орбитира околу земјата на висина од 530 километри. Во функција ќе биде околу шест години, а таму ќе биде со цел да се тестира работата на нано сателити во кои се вградени соларни панели. Ако тестирањето помине успешно тогаш овие панели кои се развиени во Словенија ќе се продаваат во целиот свет.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ