ВМРО-ДПМНЕ: Заев бара амнестија за себе и своите послушници

Од:

„СДСМ на насилнички и шверцерски начин сака да го донесе Законот за Јавно Обвинителство со намера да се спасат од сите криминали и афери во овие години откако власта е во нивни раце.

Не ги почитуваа ниту забелешките на експертите што е доказ дека Заев и неговите послушници со овој закон сакаат да се спасат од одговорност.

Со Законот за Јавно Обвинителство, Заев предлага Русковска и Јовевски да можат да се сменат со 2/3 мнозинство од Советот на јавни обвинители. Тоа треба да му биде гаранција дека тие и понатаму ќе можат да ги исполнуваат неговите наредби и ќе тераат селективна правда“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Со овој закон Заев сака и понатаму да продолжи амнестијата на криминалот каде прислушкуваните разговори нема да важат за него и блиските соработници, но за други ќе важат. Ова само покажува дека тој се плаши од прислушкуваните разговори кои ќе го докажат неговиот криминал и затоа бара тие да не бидат користени како доказ при судска постапка.

Затоа мнозинството во собранието предводено од СДСМ, на шверцерски начин, со кршење на сите демократски правила, го турка законот.

Според Уставот на Република Македонија предлагач на Закон може да биде Претседател на држава, Влада, пратеник и 10.000 потписници, а не премиер на државата.

На сите во државата им е повеќе од јасно која е намерата на оваа власт со донесувањето на овој закон.

По 12 Април ќе следува одговорност за се. Правда мора да има. Зоран Заев никогаш повеќе“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава