„Монструмот од Грбавица“ осуден на 45 години затвор

Од:

Веселин Влаховиќ – Батко, познат како „монструмот од Грбавица“ е осуден на 45 години затвор за свирепи злосторства, кои ги извршил врз несрпско население.

Влаховиќ е обвинет дека како припадник на паравоените сили на тогашната Српска Република БиХ, а подоцна Република Српска, вршел прогон на цивилното несрпско население во населбите Грбавица, Враца и Ковачиќи, општина Ново Сараево.

Тој е обвинет дека во рамки на прогонот на национална, етничка и верска основа, извршил убиства, заробувања, силувања, противправни затворања, физички и психички злоупотребувања, грабежи.

Влаховиќ е прогласен за виновен по 66 точки од овинението за убиство на повеќе десетици лица, силување на повеќе жени, како и претепување, малтретирање и ограбување на граѓаните од несрпска националност.

Би можело да ве интересира

Петмина Украинци уапсени за киднапирање на сириски државјанин во Сараево

(ВИДЕО) На плоштадот Краина во Бања Лука се одржува голем народен митинг „Србија те вика“

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски