ОН: Северна Кореја продолжува со развојот на нуклеарната програма и балистичките ракети

Од:

Северна Кореја минатата година продолжила да ја развива својата нуклеарна програма и балистички ракети, со што ги прекршила санкциите на Обединетите нации, јавија британските медиуми, повикувајќи се на доверлив извештај на светската организација.

Во извештајот на 67 страници, во кој британските медиуми имале увид, се наведува дека Северна Кореја противправно увезувала рафинирана нафта и извезувала јаглен во вредност од 370 милиони долари, користејќи ги кинеските баржи (риморкери).

Станува збор за извештај упатен до комитетот на Советот за безбедност на ОН за надгледување на санкциите кон Северна Кореја , што следниот месец треба да биде објавен.

„Во текот на 2019 година Демократска Народна Република Кореја не ги прекина своите противправни нуклеарни програми и развојот на балистичките ракети што продолжи да ги развива, што претставува кршење на резолуцијата на Советот за безбедност“, се оценува во извештајот на независните набљудувачи на Советот за безбедност.

Северна Кореја е под санкции уште од 2006 година, кои 15-члениот СБ на ОН во текот на годините ги засилуваше со цел да го спречи финансирањето на нуклеарната и програмата за разој на балистичките ракети, потсетувата британските медиуми.

Во извештајот се наведува дека санкциите не биле насочени проитв цивилите во Северна Кореја, но и се констатира дека тие имале „ненамерно влијание врз хуманитарната ситуација и хуманитарните операции во земјата“.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Потпишан договорот: Русија и Северна Кореја имаат заедничка одбрана

Предраг Петровиќ

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Каква војска испраќа Северна Кореја за помош на Русија на украинскиот фронт