Најмалку 30 лица загинаа во Борно, североисточна Нигерија, откако членови на екстремистичката група „Боко Харам“ запалија неколку камиони и други возила со патници, јавија светските агенции повикувајќи се на сведоци.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, но членовите на Боко Харам и ривалската Исламска држава Западна Африка (ИСВА) често вршат напади во областа.
Патниците во камионите во неделата вечерта останале кај воен пункт, поради полицискиот час воведен од војската во градот Ауно, а потоа биле нападнати, изјави Буно Али, сведок на нападот.
Според сведоците, напаѓачите пукале на сите страни и запалиле најмалку 18 возила, но и киднапирале неколку лица.
Би-Би-Си додава дека меѓу киднапираните има жени и деца.