Ковачевски: Да се посветиме на вештините кај младите за да го искористиме потенцијалот

Од:

Универзитетскиот професор Димитар Ковачевски на трибината „Агенда 20-24“ посветена на образованието зборуваше за значењето на вештините кај младите за тие да станат конкурентни на пазарот и да можат веднаш да го валоризираат знаењето.

„Компаниите се динамични и тие сакаат работници кои веднаш ќе се вклучат во процесот на остварување.

Тоа значи дека младите мора да поседуваат вештини. Некои работни места бараат специфични вештини и затоа имаме празни работни места и немаме стручен кадар да ги пополниме.

Од друга страна пак, имаме кадар со вештини кои не се потребни на пазарот. Се почесто работодавачите се сомневаат во знаењето и подготвеноста на студентите да одговорат на предизвиците во компаниите.

Ако земеме предвид дека странски инвеститори вложуваат капитал очекувано е да сакаат стручни кадри, какви што имаат во државата од која што доаѓаат.

Затоа ние не можеме да останеме имуни на светските промени и колку побрзо почнеме да се прилагодуваме толку подобро“- анализираше Ковачевски.

„Нам ни е неопходен сериозен фонд за високо образование составен од четири сегменти, стипендии за талентирани студенти, редовна обука на наставен кадар во странство, финансирање на научна работа и истражувања и финансирање на иновации“- порача Ковачевски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски