Албанскиот претседател, Илир Мета, ги повика сите Албанци кои живеат во Србија, да учествуваат на парламентарните избори на 26 април, со цел да имаат повеќе гласови за да ги исполнат своите легитимни барања и права.
„Претседателот Мета ги поттикнува сите политички сили во Прешевската Долина и сите Албанци кои што живееат во Србија, да земат учество на изборите, да ги обединат ставовите, со што би ја максимизирале својата улога и придонес во идните институции, како на централно ниво, така и на локално ниво, стои во соопштението до медиумите.
Додава дека внимателно ги следи случувањата во Прешевската Долина и на посебен начин политичките случувања поврзани со изборите во Србија и изразува
„Претседателот Мета изразува убедување дека масовното учество на Албанците на општите и локалните избори, соработката на сите политички субјекти за зголемување на застапеноста на Албанците, како и нивната тесна соработка со меѓународниот фактор ќе гарантираат зајакнување на гласот на Албанцитево Србија а со тоа исполнување на нивните легитимни побарувања и права во Србија,се наведува во соопштението.