Еден ден откако Двејн Вејд го откажа учеството на Олимписките игри во Лондон, истото го направи и неговиот клупски колега од редовите на НБА шампионот Мајами Хит, Крис Бош.
Поради истегнување на стомачен мускул Бош пропушти неколку мечеви од плејофот во најквалитетната кошаркарска лига во светот, а по освојувањето на титулата потребен му е одмор за во целост да ја санира повредата. Настапот за американската селекција ден претходно го откажа Вејд поради повреда на коленото.
Вез Вејд и Бош остануваат 16-мина кошаркари на располагање на селекторот на САД Мајк Крижевски. На ЛОИ во Лондон ќе отпатуваат 12-мина, а конечниот список на Американците ќе биде објавен на 7 јули.