(ВИДЕО) Митрески: Да се поддржи Законот за ЈО, без скриени амнестии обезбедуваме правда и одговорност за сите

Од:

„Законот за јавно обвинителство од денеска е повторно во собраниска процедура. Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ е уверено дека е постигната доволно добра основа, ова законско решение да добие поддршка од најмалку 80 пратенички гласови.

Пред граѓаните ветивме правда, силна правна држава и независно судство. Овој Закон тоа го овозможува.

Со законот се гарантира дека сите судски предмети кои произлегоа од СЈО ќе имаат правна завршница. Постапките за овие процеси ќе бидат професионални, фер, и базирани на докази“, рече Јован Митрески, координатор на пратеничка група на СДСМ.

„Покрај зајакнувањето на правната држава, овој Закон гарантира дека нема скриена амнестија за никого и дека секој за кого постои обвинение ќе одговара пред институциите, согласно законите.

Усвојувањето на Законот за јавно обвинителство ќе значи огромен придонес кон европската перспектива на државата и интегрирањето на нашите граѓани во европското семејство.

Сега имаме уште еден силен аргумент пред високите претставници на Европската Унија кога ќе ги носат идните позитивни одлуки за Република Северна Македонија.

Она што е најважно за нашите граѓани е дека со законот ги овозможуваме неопходните услови за создавање правна држава, владеење на правото, неселективна правда и конечно – одговорност за сите кои сториле кривични дела.

Не успееја обидите на ВМРО-ДПМНЕ да го одбрани криминалот, а криминалците да ги спаси од одговорност.

Неуспешни беа нивните обиди за блокади, за опструкции со кои нанесуваа штета врз правната држава.

ВМРО-ДПМНЕ до крај остана деструктивна и конфликтна во процесот за носење на законот. Цела година имаа шанса да демонстрираат конструктивност, но нивната одговорност како парламентарна партија се претвори во пазар за заштита на криминалците.

Предлозите од парламентарните партии и независната пратеничка група се вградени со што се изнајде решение со кое ќе функционира принципот на владеење на правото согласно европските вредности.

Тоа значи дека ќе се создадат услови за еднаквост на странките во судските постапки, а со крајна цел да имаме правда за сите.

Како пратеници им се заблагодаруваме на сите кои учествуваа во подготовката на законот, како Европската Унија и САД, така и експертската и политичката јавност, но и на пратениците кои ги надминаа личните и партиските интереси и застанаа зад промоцијата на правната држава и уште еднаш потврдија дека се залагаат за европската интеграција на Република Северна Македонија.

Очекуваме дека сите пратеници ќе бидат на висина на одговорноста и дека ќе се стават во функција на правната држава и овој Закон ќе биде донесен со потребното мнозинство“, изјави Јован Митрески, координатор на пратеничка група на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за зголемување на платите на пожарникарите

Горан Наумовски

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ нуди план во три точки за да се реши кризата во Скопје