Од денеска до наредниот петок во Прилеп ќе се одржи „Недела на романскиот филм“.
Секој ден, освен сабота и недела, на „Сцена 105“ во Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе се прикажува по едно остварување на романската кинематографија.
„Неделата на романскиот филм“ почнува со вечерашното прикажување во 20 часот на филмот „Изгубени во транзицијата“ во режија и според сценарио на Кристина Ничитус.
Како што информираат од Центарот за култура, се очекува на отворање на манифесатцијата да присуствуваат претставници од Кинотека на Македонија и директорот на Кинотека на Романија.
Во наредните денови, од понеделник до петок ќе се прикажат романските филмови: „Приказни од златните времиња“ во режија на Попеску, Мунџиу, Маркулеску,„Здраво како си“ на режисерот Александру Мафтеи, „Полжави и луѓе“ на Тудор Џурџиу“, „Свадба во Бесарабија“ на Нап Тоадер кој го потпиша и сценариото и „Мечка“ во режија и по сценарио на Дан Чизу.