(ВИДЕО) Арсовски: Се знае вистината за медицинскиот отпад, блиски соработници на Заев, минативе 2 години на високи позиции во Дрисла

Од:

„Здравјето на граѓаните е најважно од се за сите, сем за лицемерните функционери и Влада на СДСМ.

Лицемерно е во време кога СДСМ ја губи поддршката од граѓаните и драстично паѓа на рејтинг кај анкетите, да измислуваат и поврзуваат непостоечки случаеви и скандали со ВМРО-ДПМНЕ.

Впрочем реалноста е многу поразлична и реалноста е друга, односно не е она кое што го говори СДСМ.

Фирмата ЕКО КЛУБ Битола е фирма која од Владата на Заев и СДСМ земала над 130 милиони денари за само една година од институциите, само 2019-тата година, или тоа се над 60 склучени договори за тендери од државните институции“, рече Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова е навистина импресивно. Нема човек во државава кој не знае дека секој еден тендер што се доделува, директно е запознаен и одобрен од Зоран Заев или од некој негов близок во Владата или во СДСМ.

Тоа е едниот момент. Вториот момент е дека член и функционер на СДСМ, Драги Давчевски претходните 2 години е еден од клучните директори во Дрисла, како и друг близок пријател на Зоран Заев од Струмица до пред половина година беше еден од клучните луѓе во италијанската компанија во Дрисла.

Очигледни се намерите на Зоран Заев и Владата личниот неуспех и личниот скандал да го префрлат на грбот на ВМРО-ДПМНЕ, но за жал не им успеа.

Граѓаните се свесни кој е виновен за целиот скандал и веќе ја знаат вистината за медицинскиот отпад. Каде е тука одговорноста и кога случајот ќе има разрешница?

Залудни се дефокусирањата од страна на СДСМ и разрешница и одговорност мора да има што побрзо за овој случај. Очигледно бизнисот на Заеви и на СДСМ е ставен пред здравјето на граѓаните“, изјави Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО