А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев се плаши од професионално обвинителство, тогаш ќе треба да одговара за сите поткупи, рекети, закани

by А1он09/02/2020 - 10:0309/02/2020 - 10:03132
Share0

„Предлог законот за Јавно обвинителство кој насилно го форсира Зоран Заев е спротивен и на Уставот и на меѓународните норми.

Следете a1on на Instagram Instagram

Предлог законот за Јавно обвинителство кој насилно го форсира Зоран Заев е оценет како катастрофален и неразумен од сите релевантни правни експерти.

Единствена вредност на овој предлог е тоа што на Зоран Заев треба да му овозможи амнестија за сите сторени криминали“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев е сигурен дека со ваквиот нереформски предлог закон ќе продолжи да ги контролира слугите во Јавно Обвинителство кои слепо ги извршуваа неговите наредби овие три години.

Следете a1on на Youtube YouTube

Зоран Заев не сака независно и професионално обвинителство кое неселективно ќе се бори со криминалот. Зоран Заев сака марионети кои ќе го амнестираат него и неговите соработници, а политички ќе го гонат секој што ќе му застане на пат. Затоа повеќе од една година се молчи за запленетите снимки од прислушуваните разговори на јавните обвинители, а нема истрага ниту за криминално поделените бонуси тешки милиони евра.

Зоран Заев ги одби деветте забелешки на законот јавно изнесени од страна на ВМРО-ДПМНЕ и експертите, а го одби и предлогот новиот закон да го напишат најдобрите познавачи на проблематиката.

Зоран Заев се плаши од реформирано и професионално обвинителство бидејќи тогаш ќе треба да одговара за сите поткупи, рекети, закани и злоупотреби.

Стравот на Заев од одговорност за криминалот е главната причина поради која што се обидува со поткуп и закани да обезбеди поддршка за неуставниот закон.

Граѓаните на 12-ти април ќе стават крај на ваквото криминогено владеење. На 12-ти април ќе заврши хибридниот режим на Заев и ќе следи одговорност за сите понижувања и поигрувања со државата и правдата. Зоран Заев никогаш повеќе!“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

dpmne

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Катерина Ѓуровски29/08/2026 - 12:08

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски24/08/2026 - 13:56

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

Катерина Ѓуровски18/08/2026 - 13:27

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

Катерина Ѓуровски16/08/2026 - 10:32

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски10/08/2026 - 10:4210/08/2026 - 10:51

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски01/08/2026 - 11:5601/08/2026 - 14:05
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео