Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) контроверзниот план за оданочување депозити во кипарските банки, поради спас на банкарскиот систем, го нарече единствен и укажа дека ваков план не може да се примени на други земји.
По загриженоста дека штедачите во другите европски земји, посебно во Шпанија и Италија, би можеле да бидат оштетени во случај на банкрот на банките, портпаролот на ММФ Гери Рајс нагласи дека случајот Кипар е „многу сложен и единствен по својата природа“.
– Тешко беше да се примени овој план на остатокот од Европа или светот, нагласи Рајс.
Штедачите со повеќе од 100.000 евра во двете најголеми кипарски банки, кои се на работ на колапс, се соочени со голема парична загуба, бидејќи Владата настојува да собере средства за спас на банките.
Оданочувањето на банкарските сметки на Кипар е услов за добивање помош од 10 милијарди евра од страна на ЕУ и ММФ.