Репрезентациите на Русија и на Словачка вечерва со почеток во 19:30 часот ќе ги одмерат силите во големото финале од Светското првенство во хокеј на мраз што во последните десетина дена се одржува во Шведска и Финска.
Руските хокеари без никакви проблеми славеа над домаќинот Финска со 6:2, а многу поинтересно беше во второто полуфинале, каде што Словачка ја совлада соседната Чешка со 3:1.
Финците немаа сили да им се спротивстават на расположените руски репрезентативци, од кои што најзабележителен беше Малкин, кој три пати го најде патот до мрежата на противникот.
По елиминацијата на Канада во четвртфиналето, репрезентативците на Словачка приредија уште едно изненадување, овојпат славејќи над Чешка со 3:1. Откако по 40 минути игра резултатот гласеше 1:1, како клучен дел од мечот се покажа стартот од третата четвртина, во која што Словаците набрзина постигнаа два гола преку Сатан и Худачек и ја осигураа големата победа и пласманот во финалето.