На денешниот настап на Европското првенство за кадети, јуниори и постари јуниори У21 што се одржува во Будимпешта, од седми до девети февруари, јуниорот Бојан Костов со пет победи и еден пораз освои бронзен медал во категоријата кумите -57 килограми.
Стефан Стојановиќ исто така денеска со четири победи и два пораза го освои петтото место во категоријата кумите јуниори -70 килограми.
Забележителни настапи имаа и Магдалена Божиновска која освои седмо место.
Во текот на вчерашниот ден успешен настап имаше и Матеј Белистојаноски кој во категоријата кадети -52 килограми го освои петтото место.