Норвешка ги зголемува своите климатски обврски

Од:

Норвешка ги зголеми своите обврски за заштита на климата со најава дека емисиите на стакленички гасови ќе ги намали за најмалку 50 отсто.

Нордиската земја која не е во ЕУ, но тесно поврзана со неа, претходно вети дека ќе ги намали своите емисии за најмалку 40 проценти до 2030 година во однос на 1990 година, пренесува Бета.

– Норвешка е првата западна земја … која на Обединетите нации им соопшти дека ги зголемува климатските цели, изјави норвешкиот министер за клима и животна средина, Свеинунг Ротеватн, истакнувајќи дека најновата одлука е „важен чекор кон зелена транзиција“.

Норвешка – најголем производител на нафта и гас во Западна Европа, исто така е шампион со најголема концентрација на електрични автомобили во светот во споредба со бројот на жители.

Би можело да ве интересира

Масовниот убиец Брејвик не е ментално болен, тврдат норвешките психолози и психијатри

Норвешка: Воз излета од шините, најмалку едно лице загина

Шок во кралското семејство: Синот на принцезата призна дека физички ја нападнал девојката

Предраг Петровиќ

Синот на норвешката принцеза заврши во притвор: Нападна жена, таа доби потрес на мозокот

Предраг Петровиќ

Шпанија, Ирска и Норвешка денеска официјално ќе ја признаат Палестина

Норвешка ги заостри ограничувањата за влез на руските граѓани